Милошоски: “Срамота е да ги лажете болните дека ако гласаат за промена на државното име ќе бидат бесплатно лекувани во странство”

“Здравиот 100 желби. Болниот и неговите најблиски имаат само една желба.

Но, срамота е, со буџетски пари на граѓаните, Владата да го лаже народот, да се лажат болните, дека ако гласаат ЗА на референдумот за смена на името дека ќе имаат бесплатни лекување во земјите на ЕУ.

Прво, Македонија нити со сменето име нема да стане членка на ЕУ пред 2030 година, бидејќи проширувањето веќе не потреба, туку товар за ЕУ.

Второ, НЕ, за жал, нема бесплатни лекување ни во Италија, ни во Германија, ни во Грција.
Не го потценувајте народот, не ги лажете болните, со нивните оданочени пари!
#Бојкотирам”, напиша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.