Милошоски: “Од вчера па натаму, секој граѓанин што ќе претрпи последици од Koвид-19, има право да ја тужи државата”

Од пред два дена во Србија, Грција, Словенија, Турција и други земји во регионот започна вakцинирањето против Ковид19, како здравствена мерка, напиша на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

– Во Македонија државата нема набавено ни вakцина, ниту има стигнато милостина од државите кои навремено си обезбедиле вakцини од производителите. Со тоа од страна на државата сериозно е повредено граѓанското право на живот, со ненавремена и неефикасна здравствена заштита.

Затоа од вчера па натаму, секој граѓанин или семејство, кој/кои ќе претрпат посериозни штетни здравствени последици од Koвид-19, или истото резултира со трагичен исход по животот на граѓанинот, има законско право да ја тужи државата за тоа и тој/таа или блиското семејство да бара обесштетување.

Основа за заштита на ова право на граѓанинот, како и основа за тужба пред македонските судови или пред Судот во Стразбург се членот 39 од Уставот, член 2 од Конвенцијата за заштита на човековите права, како и обврските на државата утврдени во Законот за здравствена заштита.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.