Милошоски: “Кон ветото на Бугарија се приклучиле уште две земји-членки”

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски синоќа преку Фејсбук, повикувајќи се на дипломатски извори од Брисел, соопшти дека на бугарското вето кон Македонија се приклучиле уште две земји-членки.

-Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок во Брисел, Бугарија ги блокирала и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка. По однос на македонско-бугарскте спорни прашања неколку земји членки јавно ги искажале своите симпатии кон Македонија и оправданоста за почеток на преговорите без ставање на билатерални спорови како одредници, бидејќи земјата има добиено препорака уште од 2009-та година. Сепак по однос на последицата од наметнатиот спор, а тоа е одолговлекување на процесот на проширување на ЕУ, изгледа дека Бугарија не е осамена, туку има дискретна дипломатска поддршка од уште најмалку две земји членки на ЕУ, пишува Милошоски, додавајќи дека неколку членки, како што се Франција, Грција, Италија и Холандија се против усвојување на заклучоци и/или прогаварачка рамка само за Албанија.

Милошовски пишува дека германското претседателство ја прекинало дискусијата поради немање консезус. Темата за проширување, според Милошоски, ќе биде отворена на состонокот на „Coreper“ на 7-декември.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.