Милошоски: Има три начини Македонија да си го врати името

Пратеникотт на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски во интервју за германскиот весник Франкфуртер АлгемајнеЦајтунг, во рамки на репортажата за ЕУ перспективите, Брисел, Макрон и Заев, истакна дека со потпишувањето на договорот од Преспа Граѓаните на нашата држава беа изманипулирани, бидејќи беа убедувани дека токму таа Спогодба ќе ни обезбеди членство во ЕУ.

Исто како и Вашата партија, ВМРО, и Вие консеквентно и натаму го користите државното име Македонија. Доколку Вашата партија победи на следните избори и ја формира следната Влада, дали таа Влада ќе се обиде да го поврати процесот на промена на името?

Милошоски: Има три можности на нашата држава да и го вратиме нејзиното име „Македонија„, но, сите се многу комплицирани. Една можност е Уставниот суд да ја поништи Спогодбата со Грција. Тоа би се случило врз основа на референдумот од минатата година, на кој немаше мнозинство за промена на старото име. Потоа, тука се и оние пратеници во нашиот парламент кои под принуда, закани и уцени, значи против нивната слободна волја, гласаа за промена на името. Тие се соочуваа со закани за затворски казни од страна на Специјалното јавно обвинителство или судии под контрола на власта ако не гласаат за промена на Уставот. Доколку по промената на Власта најдат храброст, јавно да проговорат за тоа и се обратат до државното обвинителство, би можело да се промени атмосферата и да се девалвира тогашното двотретинско мнозинство и повторно враќање на претходниот Устав.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.