Пратениците во Собранието денеска во рамки на 140. седница, дискутираа и гласаа по повеќе закони, меѓу кои и за измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, како и за измени и дополнување на Законот за Академија за судии и јавни обвинители.
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ бараше измените и дополнувањето на Законот за Академија за судии и обвинители да не се става на дневен ред бидејќи со повторно воведување на можност за писмено полагање се дерогира квалитетот на идните судии и обвинители.
Милошоски притоа потенцираше неколку примери, каде овие законски измени ќе овозможат злоупотреба, односно назначување за судии и јавни обвинители според Милошоски на партиски кадри од СДСМ и ДУИ. Меѓу примерите кои ги потенцираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ има и двајца прилепчани.