Треба остро да ја осудиме позицијата на официјална Софија истакната преку нивниот Меморандум, изјави Антони Милошоски за Сител.
– Тие без никакво право се мешаат во националниот, јазичниот и уставниот идентитет на една соседна држава. Сакам во среда да ја свикам Комисијата за надворешна политика, очекувам да бидат присутни и пратениците од владеачкото мнозинство и сите заеднички да изградиме став дека бугарскиот меморандум е за ocyда.
Со таквиот став сметам дека ќе си го зачуваме своето достоинство, а исто така ќе ги подобриме и позициите на Република Македонија во македонско-бугарските односи. Ние мора да покажеме цврстина и став како Собрание, дека имаме свои црвени линии, заврши Милошоски.