-Вчерашната посета на Прилеп на Христијан Мицкоски, продолжената рака на Никола Груевски, е само уште еден во низата негови очајни обиди да манипулира со работниците од „Еурокомпозит“, со бизнисмените и дуќанџиите, односно со истите оние луѓе кои беа малтретирани и репресирани од криминалниот режим на унгарскиот бегалец – истакна на денешната прес конференција Миле Талески, претседател на ОО СДСМ Прилеп и на Советот на општина Прилеп.
После оваа негова теза останува нејасно дали Талески кажа дека стопанствениците, бизнисмените и претставниците на синдикалната организација на прилепскиот загубар “Еурокомпозит” дозволиле да бидат манипулирани?
Со оглед на тоа дека Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера при неговата посета на Прилеп оствари средби со претставниците на Стопанската комора во Прилеп, дуќанџии во Старата прилепска чаршија, претставници на Синдикатот во “Еурокомпозит”, а ја посети и компанијата Витаминка каде имаше средба со раководството, е малку невкусно да се каже дека се манипулира со такви луѓе…
Прес конференцијата на Талески слушнете ја во продолжение: