Денешна прес конференција на Миле Талевски, претседател на ОО СДСМ Прилеп и кандидат за пратеник
“За само три години, покажавме како се сака државата и како се работи исклучиво за интересите на граѓаните.
За само три години, направивме пресврт на подобро, ја извадивме државата на прав пат. Но, во следните 4 години можеме уште повеќе и уште подобро.
Покажаавме одговорност, решителност и визија во решавањето на проблемите на граѓаните и државата.
Од економија во минус, обезбедивме силен економски раст, повисоки плати и рекордно ниска невработеност.
Од изолирана и заробена држава, со граѓани раскарани и поделени по секоја основа, со отворени и нерешени прашања со соседните земји, изградивме држава членка на НАТО, земја преговарач со ЕУ и позитивен пример на Балканот”, истакна меѓудругото Талевски.
Прес конференцијата проследете ја во продолжение: