Некој кога ќе сака да земе се, може на крајот да остане ништо и тоа е пораката која што граѓаните ја испорачаа на овие избори, нагласи Горан Милевски, претседател на ЛДП во „Утрински Брифинг“.
Милевски додаде дека и покрај големите притисоци за да не победи кандидатот на ЛДП во Шуто Оризари, сепак ЛДП победи.
– Направија повеќе грешки од власта и поради тоа се овие резултати кои што ги добија на овие избори, рече Милевски.
Милевски посочи дека дојде време кога треба повеќе гласот да се слуша на ЛДП. Од Владата ЛДП беше доведувана пред свршен чин за некои работи, кои што ги дознаваа од новинарите еден ден или неколку часа претходно. Но на тоа веќе е завршена работа.
– Даваме последна шанса, како да ја наречам да се поправи Владата. Влада ќе има нова сега бидејќи премиерот си даде оставка. А, тоа значи дека Владата е во оставка. Значи не може да си замине премиерот, а министрите да си останат, заклучи Милевски.
Милевски рече дека дефинитивно е дека Заев ќе си замине. И не треба веќе за тоа да се занимаваат политичарите или да говорат за тоа, тоа треба да биде морален чин за кој јавно си кажа Заев. Залудно е да се дебатира на таа тема.