Денес во Доха се одигра италјанскиот Супер куп помеѓу Јувентус и Милан. Можевме да гледаме неверојатно прво полувреме во кое првите 20 минути Јуве беше подобар, Манџукич го тестираше Донарума, а уште неколку закани покасно покажаа дека одбраната на Милан има проблем.
На крајот кога опомените не беа доволни стигна водството на Бјанконерите. Пјанич изведе корнер, а Киелини беше најспретен.
Дури тогаш Милан почна да игра фудбал. Бонавентура прикажа одлична игра, а играта на Јуве изгуби на квалитет кога Патрис Евра го замени повредениот Алекс Сандро.
Во 38 минута преку центаршут на Сусо, Бонавенура го постигна израмнувачкиот гол.
До крајот на утакмицата Милан беше по офанзивен. Со влегувањето на Дибала во игра Јувентус стана поопасен, но сепак резултатот не се промени до 90 минута. На двете продолженија имаше уште неколку шанси на двете страни, но ниту една не го промени резултатот.
Милан беше поуспешен во пенал-рулетот. Росоњерите го освоија Супер купот и првата титула за оваа сезона. Ова е навистина голема работа за младиот тим на Монтела.