Мешавина која треба да ја ставите во утринското кафе за да ги стопите килограмите

Освен тоа што мешавината ќе го подобри вкусот на кафето, комбинацијата ќе ви го забрза метаболизмот и ќе ви го олесни губењето на вишокот килограми.

mesavina

Утринското кафе е ритуал без кој не можеме да си го замислиме денот, па затоа овој рецепт е лесно изводлив.

Се работи за додаток од следниве состојки:

  • ¾ шолја кокосово масло
  • ½ шолја мед
  • 1 лажица цимет
  • 1 лажица чисто какао


Начин на подготовка:

Соединете ги сите состојки и мешајте додека не добиете паста. Претурете во чиста тегла со капаче.

Секое утро кога ќе го сварите кафето, додадете 1 до 2 лажички од смесата додека е уште жешко. Мешајте 5-10 секунди и потоа може да уживате.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.