Во велешкото село Оморани мечка нападна човек. Имено, 60-годишен сточар од селото Дреновци, прилепско, бил нападнат од мечка додека пасел крави при што се здобил со телесни повреди.
Сточарот го спасиле неговите две кучиња кои ја исплашиле мечката и таа побегнала. За случајот се огласи и ЦУК кој продолжува да ја следи состојбата на повредениот.
„Сточарот при нападот од мечаката успеал, инстиктивно, после неговото соборување на земја, со нозете да се одбрани, а го бранеле и неговите две помали кучиња. Притоа, се здобил само со повреди, а ситуацијата била сериозна, бидејќи мечката при повеќекратниот напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот, што можело да биде фатално, информираа блиските. Потоа, по нападот, лицето, дури имало сила, се вратило назад во неговата „Колиба“, заедно со стадото крави, но таму папсало, изгубило сила, а и најверојатно заради претрпениот шок не се јавило веднаш за помош, при што поминало цело едно деноноќие“, известува ЦУК.