“Летните бавчи на функционерите од СДСМ ја узурпираат Старата чаршија во Прилеп”, oва беше едно од главните обвинувања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп во кампањата за претседателските избори.
Прес конференцијата на претседателката на Унијата на жени, Ирена Стерјовска Локвенец, го привлече вниманието на прилепчани, а низ чаршијата и на социјалните мрежи на големо се зборува дека тоа е една од главните причини зошто СДСМ во неделата беше поразена со 1.600 гласа разлика во Прилеп.