Метлата стана четче по ликовно: Eве ги новите министри?

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, најави дека ќе достави предлог до Собранието за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.

Обврската Министер за финансии ќе ја преземе лично тој, посочувајќи дека ќе ја извршува функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.

– Предлогот денеска ќе биде доставен до Собранието и верувам дека следната недела ќе биде ставен на дневен ред. Ќе доставам предлог за избор на министри во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Министер за култура Хусни Исмаили, Министер за локална самоуправа Горан Милевски. Министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.