Метеролозите најавуваат невреме во Македонија

studeno-vreme-640x360

Обилни врнежи од дожд за утре попладне најавува Управата за хидрометеролошки работи. Локално се очекува да наврнат и над 30 литри на метар квадратен.

Најмногу врнежи ќе има во западните и во северните делови од државата. На повисоките планини ќе врне снег, но во текот на ноќта и во утринските часови во четврток, поради продор на постудена воздушна маса снежната граница ќе се спушти и до илјада метри надморска височина.

Во четврток ќе дува умерен, на места засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на облачноста, престанок на врнежите и опаѓање на дневната температура.

Преодно стабилизирање на времето со благ пораст на дневната температура ќе има в петок и сабота




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.