Натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина, кој требаше да се одигра вечерва во Сао Пауло во рамките на јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Катар, беше прекината само неколку минути откако започна.
Причината за тоа беа четворица аргентински фудбалери кои го прекршиле правилото за кapaнтин.
Со оглед на тоа дека делта варијантата на кopoнавиpycoт е раширена во Велика Британија, секој кој доаѓа од оваа земја во Бразил мора да оди 14 дена во кapaнтин, а играчите од Астон Вила и Тотенхем, Емилијано Мартинез, Кристијан Ромеро, Џио Ло Селсо и Емилијано Буендиа, тоа не го направиле.
Поради тоа бразилскиот здравствен регулатор одлучи да ја прекине утакмицата и да ги протера овие играчи од земјата.
Она што ги чуди многумина е зошто тоа не било направено претходно, а истото прашање го постави и Лионел Меси во разговор со судиите пред прекинот на утакмицата.
“Овде сме три дена, зарем требаше да чекаат утакмицата да започне? Зошто на тоа не не’ предупредија порано, или во хотелот? Можеа да ни кажат и се’ ќе беше решено. Сега ова цел свет го гледа”, рече Меси.