Меркел се повлекува од лидерската функција во ЦДУ ! Значителен пад на “еврото” и трка за нов канцелар !

Германската канцеларка Ангела Меркел нема да се кандидира на партиските избори за претседател на партијата ЦДУ на 8 декември.

Информацијата ја споделила канцеларката утрово по партискиот состанок, пишуваат германските медиуми.

По 18 години на чело на партијата, Меркел одлучи да се повлече.

“Ројтерс” оценува дека со нејзиното откажување започнува трката за наследник, односно нов канцелар.

Веднаш по споделувањето на оваа информација забележан е пад на еврото на светската берза. По гласањето во Бавањрија, Германците одлучија да ја “казнат” Меркел и на вчерашното гласање во Хесен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.