Меркел: Повеќе не можеме да сметаме на САД во зачувувањето на поредокот во светот

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека била во право кога пред една година тврдеше дека Европа повеќе не може да смета на САД кога станува збор за воспотавување ред во светот и дека е време ЕУ да ги преземе нештата во свои раце.

„Не можеме повеќе да сметаме на суперсилата САД“, кажа Меркел на прес-конференција во Берлин.

Меркел односот на Германија и САД го опиша како клучен, иако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела го нарече Берлин „заробеник“ на Москва поради зависноста од рускиот гас.

Американскиот претседател кажа дека е погрешно да се поддржува гасовод во Балтичкото Море за увоз на руски гас, а истовремено „споро да се достигнуваат целите на трошењето за НАТО“.

„Трансаталнтскиот однос на соработка, вклучувајќи го и американскот претседател, е клучен за Германија“, кажа Меркел.

Таа не се изјасни прецизно за средбата на американскот претседател Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, туку кажа дека е „среќна околу секоја средба“.

Таа додаде дека смета дека средбите на рускиот и американскиот претседател треба да бидат нормално нешто.

Извор: “Република”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.