Меркел едвај се задржа на нозе: Поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски (ВИДЕО)

Невообичаено неконтролирано тресење на телото на германската канцеларка Ангела Меркел се случи денеска во Берлин за време на официјалниот пречек на украинскиот претседател Зеленски.

Додека воениот оркестар ги свиреше националните химни Меркел десетина секунди се тресеше не можејќи да го смири тресењето на телото.

Инцидентот го пренесе и германскиот јавен сервис Дојле Веле.

Подоцна запрашана од новинарите дали треба да се граѓаните загрижени за нејзиното здравје таа рече дека од инцидентот испила најмалку три чаши вода објаснувајќи го тресењето со дехидрација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.