На веста од порталот “ОХРИДСКАЈ”, дека фризерката на Кирацовски добила прекоманда од Агенцијата за катастар на недвижнини на РМ во Македонскииот електропреносен систем оператор, реагира работодавачот МЕПСО, кој демантира дека лицето е вработено за плата од 43.900 денари, туку дека истата ќе работи како чистачка за 19.200 денари.
Демантот го пренесуваме во целост:
ВО ИНТЕРЕС НА ЦЕЛОСНО И ОБЈЕКТИВНО ИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТ ВЕ ИНФОРМИРАМЕ ДЕКА МЕПСО СКЛУЧИ ДОГОВОР ЗА РАБОТЕН ОДНОС СО ЛИЦЕТО П.К. КОЕ Е ВРАБОТЕНО НА РАБОТНО МЕСТО ХИГИЕНИЧАРКА СО ПЛАТА ОД 19.200 ДЕНАРИ. РАБОТНИОТ ОДНОС Е ЗАСНОВАН СОГЛАСНО СО ОГЛАСОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ОБЈАВЕН НА 16 ЈУЛИ.
СО ОВА ГИ ОТФРЛАМЕ КАКО НЕВИСТИНИТИ ПАУШАЛНИТЕ НАВОДИ ОБЈАВЕНИ ВО ЈАВНОСТА ДЕКА ФРИЗЕРКА Е ВРАБОТЕНА ВО МЕПСО ЗА ПЛАТА ОД 43.900 ДЕНАРИ КОИ ШТЕТАТ НА ОБЈЕКТИВНОТО НОВИНАРСТВО.
ВО ПРИЛОГ Е ЛИНК ОД ОБЈАВЕНИОТ ОГЛАС ДОСТАПЕН НА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА НА МЕПСО HTTP://MEPSO.MK/VESTI.ASPX?ITEMVID=454
ЦИТАТ ОД ДЕЛОТ ОД ОГЛАСОТ ШТО СЕ ОДНЕСУВА НА ГОРЕНАВЕДЕНОТО РАБОТНО МЕСТО:
1 (еден) извршител на работното место ХИГИЕНИЧАР во Работилница , во служба за одржување на ТС ,Оддел за ТС ,Подружница ОПМ со основно образование – I степен основно училиште , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 19.200,00 денари.