Мексикански нарко бос и се закани на Исламска Држава

el-chapo-1-650x396

Мексикански нарко бос и се закани на Исламска Држава. Станува збор за нарко-босот Хоакин Гусман, попознат како Ел Чапо кој во моментов е во бегство.

Тој наводно испратил заканувачко писмо до лидерот на Исламска држава Абу Бакр Ал Багдади откако била уништена една пратка на неговиот картел. Ел Чапо на Багдади му пратил кодирана имејл порака што била објавена на веб сајтот cartelblog.com, во која му порача дека Исламска Држава направила грешка затоа што ја уништила дрогата на неговиот картел, пренесува „Раша Тудеј“.

chapo

Вие од ИД не сте војници. Моите луѓе ќе ве уништат. Вашиот Бог нема да може да ве спаси од вистинскиот терор што моите луѓе ќе го спроведат врз вас ако и понатаму влијаете врз моите операции, наводно се заканил Гусман.

Инаку Гусман летово побегна од строго чуваниот затвор во Мексико. За информациите што би довеле до негово повторно апсење понудена е награда од пет милиони американски долари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.