Дербито на ова 11 коло, барем според позициите на табелата, ќе се игра во Прилеп. Во недела, од 19.часот, во спортската сала во ООУ “Добре Јованоски”, играат двете првопласирани екипи во групата „А“, Мега баскет и Вардар, и двете со разочарувачки порази во претходниот круг од натпреварите.
За „вардарци“ прв, запишан на гостувањето во Охрид, a за прилепчани втор по големиот минус на гостински терен кај Водно санс.
Прилепчани веруваат дека ќе му возвратат на црвено-црните за поразот во Скопје на стартот од сезоната, а за тоа ќе има треба нашата поддршка на трибината.
Два ипол часа порано, со почеток од 16:30 часот, младата екипа на Мега Баскет го пречекува Чаир, па добро би било неделата целосно да си ја резервирате за кошаркарски натпревари со вашите најблиски.
























