МВР со детали за синоќешниот настан во кој беше претепан сопственик на кафуле во Прилеп – Причината е повеќе од банална!

На 05.04.2024 во 20.15 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.М.(21), О.И.(26) и А. А.(34), сите од Прилеп, затоа што околу 19.00 часот во близина на Градскиот часовник во Прилеп физички го нападнале С.Ч.(54) од Прилеп.

По наредба на јавен обвинител, лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Maркукуле од очевидци дознава дека причината за настанот, во кој сега лишените од слобода лица го нападнале сопственикот на кафуле пред неговиот локал, е повеќе од банална.

Според исказите, тој бил крвнички нападнат откако им рекол да го фрлат отпадот кој го правеле во корпа за отпадоци, а не на платото пред Градскиот Саат.

С.Ч. од нападати се здобил со телесни повреди и е пренесен во градската болница “Борка Талески”, каде му е укажана лекарска помош.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.