Прилепската кошаркарска екипа на Мега Баскет утре, во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски” го пречекува КК Маџари, во рамки на третото коло од Втората лига.
И двете екипи после првите две кола имаат идентичен скор – по една победа и еден пораз. Домаќините минатата недела несреќно загубија на гостувањето кај Соколи 1933, натпревар во кој прилепчани беа во егал во последните 2 минути, кога домаќините погодија тројка, а Мега Баскет во следниот напад го промаши својот шут за враќање во егал. На крајот натпреварот заврши со 7 разлика за екипата од Штип.
Инаку, Мега Баскет и Маџари своето ривалство го влечат уште од мината сезона, па во натпреварот влегуваат мотивирани и желни за бодови.
Секако потребна е целосна поддршка од публиката за запишување на нови 2 бода на табелата. Почетокот на натпреварот е од 19:00ч.