Мајмуни се приклучија на иницијативата од навивачките групи: Заедно за Македонија против Косово

Навивачките групи од Македонија вчера одржаа состанок во Тетово и донесоа одлука за заедничка иницијатива, за поддршка на македонската фудбалска репрезентација на дуелот против Косово во рамки на плеј-офот од Лигата на нациите.

На иницијативата се приклучија и од навивачката група “Мајмуни” од Прилеп.

“По денешната средба во Тетово известуваме дека ние Н.К. Мајмуни Прилеп се приклучуваме на заедничката иницијатива за поддршка на историскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија против Косово. На состанокот на кој се донесе историска одлука покрај нас присуствуваа Комити, Чкембари, Лозари, Војводи, Рибари, Гемиџии Гостивар, Фаланга, Гемиџии Велес, Ултра банда, Сејмени, Лебари.. Средбата заврши со заедничка хуманитарна акција (донирање облека) во црквата Свети Кирил и Методиј. За Македонија единствени!”, напишаа од “Мајмуни” на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.