Припадниците на полицијата од Фоча, БиХ, ја уапсија С.К. под сомнение дека го задавила новороденото синче.
-Во текот на криминалистичката обработка осомничената призна дека на 14. август во селото Кршевина, општина Фоча, во близина на куќата родила живо машко дете и веднаш го задавила, а потоа го закопала, соопшти полицијата.
Врз основа на наредба од Основниот суд Фоча, поради ексхумација и увид, вчера на местото излегоа јавен обвинител, судски вештак и увидна полициска екипа.
-Пронајдени се и ексхумирани остатоците од безживотното тело на новороденче, кои со возило на погребалното претпријатие се префрлени во Универзитетската болница во Фоча поради судско – медицински вештачења наложени од страна на обвинителството, изјавија од полицијата.