На крузерот “Гранд принцес” кој се наоѓа во Сан Франциско има 3.400 патници. Потврдено дека 21 од нив имаат кopoнавиpyc, меѓу кои и еден државјанин на Србија, член на екипажот, за што потврди и неговата мајка за РТС.
“Тој три дена бил болен, му кажал на неговиот шеф дека не е добар, но тој не му дозволил да одмара, мислел дека само не сака да работи. Ми рече имам настинка, имам повишена температура и не можам многу да се движам, но морам да работам. Попладнето заминал на лекар, а тие веднаш го изолирале”, вели таа.
“Тој е во изолација, не знае ниту кој е зapaзен, ниту што се случува, не смее да излезе, храна му оставаат пред врата. Лекарката му рекла да не пијат никакви лекови, дека тој виpyc самиот од себе се повлекува како и грипот, дека само ќе бидат во карантин во некоја локална болница 14 дена”, раскажа мајката на зapaзениот Србин.