Машини: Младост 96 Прилеп се пласираше во финалето и ќе ја брани шампионската титула

После саботната победа во првиот полуфинален натпревар во Прилеп со 4-1 против Шампиони Фа, во неделата во Штип се одигра реваншот од полуфиналето на македонското пингпонгарско првенство. Убедлив триумф во Штип со резултат 4-0, и со тоа Младост96 се пласира во финалето, каде против екипата на Крива Паланка 2007 ќе ја брани титулата.

Петар Костовски одигра маестрално во двата натпревари, каде постигна 4 победи, Костадиновиќ извојува 2 победи, а Лашкоски забележа 2 победи и еден пораз. Александар Рикалоски и Антонио Стомнароски во овие натпревари беа резерви. Тренерот Гоце Тошески ја темпираше формата токму за овој период, кога се завршниците од првенството, како и натпреварите во Трофеј на Европа во европските купови.

Наредниот викенд екипата на Младост96 ќе игра во Романија, засилени со црногорецот Лука Бакиќ во обид да направат резултат во своето прво излегување во Европа.

За таа цел веќе од денеска екипата замина на припреми во Суботица, каде со екипата на српскиот суперлигаш Спартак ќе ја темпирааат формата за во Романија, и секако за натпреварите од финалето на првенството со екипата на Крива Паланка 2007, кои ќе се одиграат на 4-ти јуни во Крива Паланка и на 5-ти јуни во Прилеп.

Викендов се одржа и силен Меѓународен турнир во Ниш-Србија, на кој учество имаше и членот на Младост96 во кадетска конкуренција Трајче Маркоски. Младиот пингпонгар одигра одлично и се пласираше меѓу најдобрите 8 во млади кадети. Во групата имаше 2 победи и еден пораз. Победа оствари во 16 финалето. Победа извојува и во 8-на финалето и за влез во полуфинале загуби од српски играч.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.