Машини: Кинези изградиле 10-катница за 28 часа (Видео)

Кина за еден ден, односно за само 28 часа изградила 10 катница, а видеото од изградбата со брзина на светлината го заобиколи светот.

Имено, деловите од секој спрат биле подготвени во фабрика, и префрлени со камион до крајната дестинација, каде што истите беа монтирани.

Кинеската компанија „Broad Group“ е позната по своите рекордни градби и од минатото, односно по изградбат на болници, хотели и канцелариски објекти.

-Сите составени делови беа префрлени со камион и беа монтирани на лице место со кранови, во период од само 28 часа и 45 минути. Апартманите веднаш биле снабдени со електрична енергија и вода за пиење, истакнал портпаролот на компанијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.