Една Холанѓанка по шест месеци тага си го пронајде изгубениот мачор, Пепер. Тоа и не би било така невообичаено, доколку миленичето не е најдено во – Австрија, цели 950 километри од својот дом, пренесува телевизија ОРФ.
Мачорот бил згрижен во една ветеринарна клиника. За среќа, имал и микрочип, по којшто неговата сопственичка го пронашла. На дамата и се посреќило и тоа што еден Австриец се пријавил доброволно да и го однесе мачето до нејзиниот дом.
Веројатно никогаш нема да дознаеме како тоа стигнало до Австрија, но едно е сигурно – наскоро Пепер ќе се врати дома.