Мачка спаси цело семејство од труење со јаглерод-моноксид

screenshot_2-84-640x408

Во Варшава едно маче спаси цело семејство од труење со јаглерод-моноксид. 5 членото семејство забележало дека нивното милениче чудно се однесува и дека ги повикува да излезат од собата.

Поради него повикале пожарникари, кои утврдиле дека се работи за јаглерод-моноксид, наречен тивок убиец. Концентрацијата на јаглерод-моноксидот била толку голема што двете деца биле задржани во болница.

-Семејството беше збунето од чудното однесување на нивната мачка. Одела несигурно, се однесувала необично и ги терала да излезат во предсобјето, што порано не правела. Поради тоа повикале пожарна. Кога пристигнале, измериле висока концентрација на овој гас – изјави за полската телевизија портпаролот на пожарната Михаил Конопка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.