Мауро веќе 30 години живее на пуст остров: Има неколку совети како да ги поминете деновите во изолација (Видео)

Веќе 30 години, Мауро Моранди е единствениот живетл на преубавиот медитерански остров. Добар дел од животот го поминал сам, па знае добро како е да се живее во изолација на која многу луѓе денес се принудени поради пандемиjaта.

Моранди е поранешен учител, кој пристигнал на островот Будели, недалеку од Сардинија, сосема случајно кога сакал да плови од Италија до Полинезија пред 31 година.

Тој се заљубил во недопрената природа и кристално чистата вода, па одлучил таму и да остане.

Денес, на 81 година, тој живее сам на островот и го нарекуваат италијанскиот Робинзон Крусо.

Будели е дел од Националниот парк на архипелагот Мадалена и еден од “седумте сестри”, односно острови кои ги има во овој дел на Италија. Останатите острови во архипелагот се Капарера, Санто Стефано, Спарги, Санта Мариа и Раколи.

Најубавата плажа во архипелагот се наоѓа токму на островот кој Мауро го одбрал за свој дом. Од почетокот на 90-тите години овој предел е забранет за туристи, како одлука на италијанската Влада за да се зачува осетливиот екосистем.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.