Последната лидерска средба донесе огромна победа за опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски кој успеа да се избори за своите позиции и сите барања, без притоа да подлегне на притисокот и да го прифати единственото барање на Зоран Заев околу поддршката за референдумот за промена на името.
Имено Мицкоски го доби она што го бараше, тој доби измени во Законот за финансирање на политичките партии, измени кој тој како што вели ќе донесат транспарентност и отчетност во финансирањето на партиите и меѓу другото ќе спречат идно корумпирање на политичарите. Исто така тој успеа да го спречи и шверцерското менување на Изборниот Законик, измени кои пратениците на СДСМ сакаа да ги изведат со само 61 пратеник.
Мицкоски извојува победа и со промената на Законот за влада, а наредните предвремени или редовни парламентарни избори ќе бидат спроведени според пржинските принципи. Доколку ги имаме во предвид случувањата на локалните избори кои се спроведоа во 2017 година и сите нерегуларности и сомнителни ситуации кои поминаа неказнето, ваквото барање на ВМРО-ДПМНЕ е единствен начин да се осигураат фер и демократски избори.
Велат една слика илјада зборови, а сликите на прес конференциите на Заев и Мицкоски беа доволни за да дојдеме до логичен заклучок кој ја извојува победата. Заев на владината прес конференција се појави со скиснато лице, видно нервозен и растревожен, поради тоа што нема да може да ги оствари ветувањата кон неговите концесионери и бидејќи конечно некој му се спротивстави вистински и машки и застана во одбрана на националните интереси. Мицкоски и самиот го долови овој момент пред новинарите и истакна дека се забележува нервозата кај премиерот, а обидот на Заев да се испровоцира лидерот на опозицијата се покажа како неуспешен. Мицкоски остана стамен и гордо и ја соопшти на јавноста победата која тој ја извојува за Македонија.
Да денес покрај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, победа извојува и Македонија, победи и македонскиот народ кој конечно доби вистински лидер без товар и концесии кој ќе го поведе во борбата за македонскиот идентитет, јазик, име и историја. Лидер кој застане на патот на Зоран Заев и СДСМ, пат кој досега водење кон конечно уништување на македонската држава.
Извор: infomax.mk