Денеска остварив работна средба со Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на Синдикални Организации на Македонија (КСОМ), каде дискутиравме на повеќе актуелни теми околу правата на работниците во Македонија и социјалниот дијалог кои се реализира преку Економско социјалниот совет – напиша на ФБ заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, по средбата со првиот човек на КСОМ, кој исто така се вика Марјан Ристески.
-Катастрофалната состојба со буџетот на Република Македонија, руинираните институции, корупцијата и нетранспарентното работење се само дел од работите кој ги наследивме од нашите претходници и е нешто што ќе мора да се надмине.
На средбата го информирав Ристески дека врвен приоритет за мене, министерот за економија и труд, Дурмиши и Владата на Македонија е преку отворен дијалог и соработка со синдикатите заедно да креираме квалитетни решенија за сите важни социјални и економски прашања, во рамки и почитувајќи ги законските прописи во државата.
Одличната соработка со синдикатите е врвен приоритет за министерството за економија и труд и средбите со претставниците на сите синдикатите ќе продолжат во наредниот период – напиша заменик министерот на ФБ.