Преку нашата Фејсбук фан страна спроведовме анкета, за тоа што мислат граѓаните и пазарџиите за функционирањето и недостатоците на градскиот пазар во Прилеп.
Одговорите се најразлични. Граѓаните сметаат дека на градскиот пазар му недостасуваат покрив, фотоволтаици и затоплување во текот на зимата, поголема хигиена, добар менаџер, како и подобар распоред на тезгите за да се овозможи полесно движење на купувачите.
Други сметаат дека на пазарот му недостасува НАРОД, односно велат дека градот е во значителна мера иселен.
Коментарите можете да ги проследите на линкот во продолжение:
После анкетата со свои пораки се јавија и дел од пазарџиите, кои испратија и фотографии од условите за работа во пазарот.
Од фотографиите се гледа дека кровната конструкција наместа се распаѓа, па итно се потребни поправки.