Изминатите месец дена преку нашиот портал спроведовме анкета за тоа кој е најдобар проект за младите во Република Македонија, од моментално актуелните проекти кои се спроведуваат во пракса.
Од понудените одговори и од резултатите на анкетата, може да се процени дека имало интерес на сите 5 понудени проекти и тоа: најголем бил одзивот за бесплатните учебници, кои ги дава Министерството за образование и наука на средношколците, потоа следува бесплатниот градски превоз за студентите. Најновиот проект на Владата, за наградување на студентите со патување во топ три европски дестинации, Париз, Венеција и Барселона, за сите студенти на првите 3 рангирани универзитети кои ќе дипломираат со просек 9,5, е трето рангиран. Новите спортски сали кои се градат ширум државата се на четврто место според анкетата и според нашите читатели. И на крајот најмал интерес е пројавен за бесплатни театарски и кино претстави во среда за средношколците.
Во наредниот период интересот на нашата нова анкета ќе биде насочен кон актуелните политички случувања и најавените парламентарни избори во 2016 година.
Прашањето гласи: Што очекувате после најавените парламентарни избори во 2016 година, без разлика на тоа која политичка партија би победила на истите?
-
Решавање на проблемот со името
-
Економски подем на државата
-
Крај на политичките кризни случувања во државата
-
Кризите ќе бидат честа појава и во иднина
[democracy id=”7″]