Маријана, Мишела и Кириана од Прилеп добија признанија за најуспешни Македонки во Мелбурн (Фото)

Каратистките од Прилеп, сестрите близначки Маријана и Мишела Димоски заедно со Кириана Камческа, добија признанија за придонес и ширење на македонската култура и традиција во Австралија.

Признанијата за најпопуларните и најуспешни Македонци во Мелбурн ги додели единствената македонска телевизија во Австралија, “ИН ТВ”.

Прилепчанките до ова признание стигнаа благодарение на спортските успеси минатата година во Карате 1 Премиер лигите во Салцбург, Истанбул, Дубаи и шампионските титули на националното првенство на Австралија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.