Во прилепското село Беровци традиционално и масовно се празнува големиот христијански празник Богојавление – Водици.
По утринската литургија во храмот Христово Воскресение, се осветуваа водите, каде традиционално по Светиот крст се фрлаат десетина верници.
Марио Мирчески втора година по ред прв стигна и го изваде крстот од водата, а претставници од Локалната самоуправа на општина Прилеп му доделија пригодни подароци.
На Марио му посакуваме среќа и вечно здравје.