Maнастирот Св. Илија Писокал кај мариовското село Кален, во изминатите години прерасна од едно запоставено место во прекрасно светилиште каде се прават најмасовните празнични прослави во околината на Прилеп.
Благодарение на трудољубивоста, упорноста и снаодливоста на црковниот одбор, местото низ годините постојано се менуваше и разубавуваше.
Сега на ред дојде и манастирската црква, па така најавена е целосна нејзина обнова и реконструкција.
-Благодарение на вашите посети и помош ни се отвори можност и шанса, за да се отпочне со реконструкцијата. Сакаме да ви го прикажеме изгледот и планот за обнова на Манастирот. Ви благодариме за помошта,посетата и довербата – напишаа луѓето од одборот на социјалните мрежи.
Погледнете како ќе изгледа манастирот: