Го нарекуваа „Херојот на Охрид“, откако во 2018 година за 9 часа го преплива Охридкста езеро. Следната година, Марко порасна во херојот на Македонија, кога пред себе постави невообичена цел, да преплива 64 км долж Охридското езеро со цел а ја подигне свеста за лицата со ретки болести.
Иако поради болки кои се појавија како резултат на болеста, инфаркт на долните екстремитети, по препливани 12 километри, Марко мораше да го прекине остварувањето на предизвикот кој си го постави пред себе, сепак тој успеа да ја долови секојдневната битка и предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести.
Токму поради исклучителната сила на неговиот карактер, Алфа телевизија, одучи да го номинира Марко Пејчиновски за „Светската награда за млад хуманист“, а членовите на интернационалното жири едногласно одлучија ова признание да му биде доделено нему.
„Исклучителната сила на неговиот карактер, неговата моќ да ја сподели љубовта со сие што страдаат, беше основната причина на нашата определба да му го доделиме ова високо меѓународно признание. Неговата воља за победа над ретките болести и хендикепот на тие што се вклучени во битката за здравје, е исклучителна чест што треба да биде признаена во македонското општество, и нашето Интернационално жири се приклучува во тој голем морален чин. Доделувајќи му го ова признание, Интернационалното жири на „Светската награда за млад хуманист“ го одбележува и со специјалната назнака дека Марко Пејчиновски е всушност интернационална млада надеж за 2020 година.“
Младиот хуманист, испрати силна порака, а не мотивира и сите нас, да се приклучиме кон неговата битка и како што вели самиот Марко: Никогаш да не се откажуваме.
Видео прилогот погледнете го ТУКА