Малата Бисера од Прилеп 6 месеци се бори за својот живот, а сега и сме потребни сите ние! ДОНИРАЈТЕ за спас на ова мало ангелче!

Aлександра и Оливер Ристески од Прилеп се млади родители кои изминатите 6 месеци се борат за животот на своето бебенце Бисера.

Двајцата млади родители од Прилеп подолго време апелираа до надлежните и министерот Филипче, за Бисера да добие соодветен третман на Универзитетската за Детски болести.

Сега на Фејсбук е објавена иницијатива за донирање на средства за Бисера да биде третирана на приватната клиника Жан Митрев.

Според она што го пишува во описот на иницијативата малата Бисера има неколку сериозни болести (Аденовирус, Ацинето Бактер, Клебсиела се само неколку примери), постојано е на кислород, а едно од нејзините мали прстиња станува некротично.

Досега ниту една државна клиника не сакаше да направи третман кој го спасува животот на Бисера, беше однесено само за ублажување на симптомите – пишува во иницијативата.

За третманите на “Жан Митрев” потребни се многу средства, кои родителите на Бисера не можат сами да ги поднесат.

Досега се имаат собрано околу 3.000 долари, а потребната сума е одредена на над 10.000 долари.

Донирајте на следниот ЛИНК

Ајде сите заедно да ја спасиме Бисера и да и овозможиме нормално да се развива и расте! Бисера е голем борец и досега цели 6 месеци ги помина по клиники…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.