Поранешниот директор на ЈП Македонски железници, Оливер Деркоски од Прилеп ќе биде нов претседател на Државната изборна комисија, дознава порталот “Макфакс”.
Деркоски заедно со Елизабета Постоловска се предлози на ВМРО-ДПМНЕ, а нивниот избор требаше да биде верификуван на синоќешната седница на Собранието.
Сепак, партиите доцна синоќа не успеаа да ги усогласат ставовите околу Законот за финансирање на политичките партии, па се очекува во текот на денешниот ден да ги приближат ставовите околу сите прашања и да се избере целосниот состав на ДИК.