Макс Верстапен е новиот шампион во Ф1

Макс Верстпаен е Формула 1 светски шампион по првпат во кариерата. Холанѓанецот ја доби последната битка со Луис Хамилтон.

Почетокот донесе одличен старт на возачот на Мерцедес. Тој веднаш изби на првата позиција, а потоа се одбрани од нападот на Холанѓанецот, иако излета надвор од патеката. Од Ред Бул веднаш побараа да се реагира и да се врати првото место на својот возач, но стјуардите одлучија да не го испитуваат овој случај.

Долго време Хамилтон немаше проблеми, сè до моментите кога Серхио Перез застана пред него. Во само два круга британскиот шампион загуби седум секунди, па одново се најде на една секунда пред Верстапен.

Клучниот момент на трката се случи кога Џовинаци ја заврши трката, што донесе безбедносно возило. Тоа го искористија од Ред Бул да менуваат гуми на двата возачи. Мерцедес не го направи овој потег, па до крајот Хамилтон мораше да вози со истите гуми.

Нова надеж за Верстапен пристигна кога Латифи направи инцидент и предизвика излегување на безбедносното возило.

На крај возачот на Ред Бул во последниот круг го помина Хамилтон и прв го мина крајот. Британскиот возач се обиде да возврати, но истрошените гуми не му овозможија да се врати на првата позиција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.