ИТ кафе затворено заедно со уште еден ресторан. Причина? Епа газдата на тие 2 објекти и на уште една фабрика си им уплати на вработените (140 на број) одмор во Турција Ultra all Inclusive – пишуваат корисници на Твитер.
Објавата за кратко време стана вирална, па од “mms.mk” го исконтактирале сопственикот. Се работи за Новко Плаќаноски, стружанец со бизнис во Охрид. Тука му е фирмата, кафулето и ресторанот. Летната сезона се уште не е завршена, но двата негови угостителски објекти се затворени – вработените се на одмор – пишуваат од ММС.
Викенд-топ сезона во Охрид ИТ кафе затворено заедно со уште еден ресторан.Причина?Епа газдата на тие 2 објекти и на уште една фабрика си им уплати на вработените (140 на број) одмор во Турција ултра олл.Многу од нив прв пат се качија во авион. pic.twitter.com/LMMXNhhxkZ
— плавуша со црн корен (@plav_usa) September 13, 2020
Целиот текст прочитајте го ТУКА
Навистина овој газда е вистински пример и вистинска реткост во нашата држава. Додека од сите градови слушаме примери за тоа како газдите најпрво исплаќаат К-15, а потоа им ги бараат парите назад на вработените, овој стружанец знае како да го цени работничкиот труд.
Секоја чест!