Осквернавен е споменикот на бранителот Горан Стојменовиќ и светиот крст во скопско Инџиково.
По овој немил настан итно се огласи градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски кој упати НАЈОСТРА ОСУДА ЗА СКВЕРНАВЕЊЕТО НА СПОМЕНИКОТ НА БРАНИТЕЛОТ ГОРАН СТОЈМЕНОВИЌ И ИКОНИТЕ ОД СВЕТИОТ КРСТ ВО ИНЏИКОВО.
Еве што порача тој:
Изразувам најостра осуда за вечерашното сквернавење на споменикот на загинатиот бранител во борбите во Диво Насеље, Горан Стојменовиќ како и на иконите кои се дел од осветеникот крст поставен во истиот парк во Инџиково.
Ваквиот сторен чин на денешниот голем македонски празник Илинден и христијански празник Св. Илија преставува срамен и кукавички чин кој е за најостра осуда.
Како градоначалник на општина Гази Баба, БАРАМ итно и неодложно превземање на сите законски дејствија од страна на Министерството за Внатрешни работи и час поскоро сторителите на овој чин да бидат изведени пред лицето на правдата.
На граѓаните сакам да им порачам да бидат спокојни. И споменикот и иконите ќе ги обновиме, а традицијата на оддавање почит на херојот Горан Стојменовиќ, како и чествувањето на Соборот на 12те Апостоли во Инџиково ќе продолжи!