Грчкиот весник “Ефимерида”, вечерва објави видео на кое се гледа како лица со качунки на главите го палат македонското државно знаме пред грчкиот парламент во Атина.
Според информацијата, луѓето фрлале запаливи средства кон полицијата, а полицајците не реагирале на палењето на знамето.
Демонстрантите преку нивните паноа бараат оставка од претседателот на Грција, но и референдум за договорот. Во моментот во парламентот се уште се води жестока дебата за Преспанскиот договор.