Македонски ресторан бара персонал, плати од 40.000ден до 1.500 евра – Плус 13-та, 14-та и 15-та плата!

Ресторанот од Скопје, “Јужна Пруга Бистро”, објави оглас за вработување со кој малкумина газди од Македонија можат да се пофалат. Потребни им се хигиеничарки, келнери, помошници во кујна, пица мајстори, бармени…, а платите, платите се вчудовидувачки високи на она што досега сме навикнале да гледаме.

На пример за пица мајстор и за котел мајстор платата е 65.000 денари, бармените ќе добиваат по 50.000 денари, а готвачите или готвачките по 75.000 денари.

Згора на тоа од ресторанот ветуваат 13-та плата за позитивност, точност, колегиалност, самоинициатива, 14-та плата за одмор и 15-та плата или К-15 за Нова Година.

Огласот се однесува на високо профисионален кадар со работно искуство.

Секоја чест!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.