Македонскиот актер Ертан Шабан, кој на нашата поширока јавност и е познат по улогата на Александар Македонски во серијата „Збогум Румелија“, стана турски зет.
Тој повеќемесечната љубовна врска со турската актерка Ебру Озкан, позната по улогата на Халиде во серијата „Имотот на дамата“, конечно ја круниса со брак.
Озкан и Шабан, кој живее и работи на релација Скопје-Истанбул, ја овековечија нивната љубов во петокот вечерта со величенствена свадба.