Македонска фолкерка приведена во Виена: Збеснала кога дознала дека нејзиното момче е во брак со друга жена

Фолк-пејачката Сања Цинцева – Барби која на јавноста и стана позната по песната „Министерка“ е фатална за припадниците на машкиот род.

После физичката пресметка со поранешниот дечко, фудбалерот Мартин Блажевски, повторно се степала со уште еден дечко, овојпат на австриски терен, односно во Виена каде што живее и работи партнерот.

Ексклузив денес објави дека фолкерката завршила во станица откако соседите ги пријавиле неа и дечкото за нарушување на јавен ред и мир, а причина била нивната гласна караница поради фактот што дечкото бил оженет, а Барби во моментот кога дознала викала и урлала на цел глас, па полицијата морала да интервенира.

Извор: “Курир”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.