Партијата на Македонците во Грција “Виножито” како членка на Европската слободна алијанса (ЕФА – алијанса на партиите на малцинствата во Европа), на 26 мај ќе учествува на евроизборите во Грција. Виножито го помина филтерот на Вpxовниот cyд на Грција и таа ќе биде една од 40-те партии кои ги исполнија условите за европските избори. Виножито е 31 партија на списокот.
За овие избори партијата на Македонците во Грција “Виножито” подготви и видео спот. Пораката на овој спот е следна: „Ако не кренеш глава не гледаш, Виножито не гледаш. На евроизборите на 26 мај гласаме за ЕСА Виножито. За една поинаква Грција, во една поинаква Европа. Мили Македонци, зборувајте го нашиот македонски јазик на вашите деца. Кажете им дека се Македонци, не плашете се. Поддржувајте го македонското движење во Грција. Поддржувајте го Виножито“.